Европски ФудбалФудбал

Каде Пандев ќе ја продолжи клупската кариера !?

Горан Пандев вчера стави крај на репрезентативната кариера, натпреварот против Холандија на Европското првенство беше последен за капитенот во националниот дрес.

Пандев и дружината денес се вратија од Амстердам и ги завршија настапите на Европскотот првенство.

37-годишниот ветеран сега треба да одлучува што ќе прави кога е во прашање клупската кариера. Тој во моментот нема договор со Џенова и заминува на одмор, по што ќе донесе одлука што понатаму.

„Немам договор со клубот, сега заминувам на одмор, па потоа ќе размислувам за тоа“, вели Пандев.

Џенова му нуди уште една година соработка на најдобриот фудбалер во историјата на Македонија, а во трка за потписот на Пандев влегува и Монца која го сака Гранде Пандев со цел да помогне и клубот да обезбеди пласман во Серија А.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!