ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Качевски на центарот во Струга, Ралевски ќе им суди на Струга и Брегалница покрај езерото

В недела се играат натпреварите од 13. коло од Првата македонска фудбалска лига. ФФМ ги делегираше судиите кои ќе ја делат правдата на сите пет натпревари. Во рамки на 13-тата рунда, екипата на Скопје ќе биде слободна.
Јован Качевски од Струга ќе им суди на Академија Пандев и Работнички во Струмица, додека пак битолчанецот Благојче Ралевски ќе ја дели правдата меѓу лидерот Струга Трим Љум и Брегалница покрај Езерото.
- Делегирани судии 13. коло ПМФЛ:
Македонија ЃП – Шкупи, Игор Стојчевски (Скопје)
Тиквеш – Победа, Фуркан Идризи (Тетово)
Струга ТЉ – Брегалница, Благојче Ралевски (Битола)
Академија Пандев – Работнички, Јован Качевски (Струга)
Силекс – Шкендија, Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Скопје – (слободна екипа)