Качевски ќе им суди на Вардар и Ренова во дербито за опстанок, Ставрев на центарот во Битола

Утре се играат натпревари од вонредното 27. коло од Првата лига. Најголемото дерби се игра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје меѓу Вардар и Ренова во битката за опстанок во елитата. Правдата во директната битка за опстанок ќе ја дели Јован Качевски од Струга.
Делител на правдата на дуелот меѓу Пелистер и Силекс кој се игра на „Под Тумбе Кафе“ ќе ја дели Александар Ставрев. Во Тетово ќе се соочат Шкендија и Академија Пандев, овде за правдата ќе биде задолжен Грујоски Александар.
Шкупи на теренот на ФФМ ќе игра против Беласица, главен судија на мечот ќе биде Идризи Фуркан, Македонија Ѓорче Петров на домашен терен ќе игра против Борец, овој дуел ќе го суди Ецкоски Марјан.
Дуелот меѓу Струга Трим Лум и Работнички му припадна на Гоцески Марјан.
Сите натпревари ќе започнат во ист термин, односно во 13:00 часот.