ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Качевски ќе им суди на Брегалница и Победа во Штип, Грујоски на Силекс и Македонија ЃП

В недела ќе биде одиграно последното есенско коло од Првата македонска фудбалска лига, односно со натпреварите од 18-тата рунда ќе биде заокружена есенската полусезона во фудбалската елита на Македонија.

Веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на петте прволигашки натпревари. Во Штип ќе се соочат Брегалница и Победа, а овде главен судија ќе биде Јован Качевски од Струга, додека пак во Кратово ќе патува Александар Грујоски од Кичево, кој ќе им суди на Силекс и Македонија Ѓорче Петров.

  • ЦЕЛОСНО ДЕЛЕГИРАЊЕ 18. КОЛО ПМФЛ:

Скопје – Струга Трим Љум, Александар Ставрев (Скопје)
Академија Пандев – Тиквеш, Игор Стојчевски (Скопје)
Силекс – Македонија ЃП, Александар Грујоски (Кичево)
Работнички – Шкупи, Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Брегалница – Победа, Јован Качевкси (Струга)

Сите натпревари ќе започнат во 13:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!