ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Качевски ќе го суди дуелот меѓу Шкупи и Силекс, Грујоски патува во Штип

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата не петте натпревари од 9. коло од Првата македонска фудбалска лига. Откако заврши репрезентативната пауза се враќа фудбалот во домашното првенство, а деветтата рунда ќе биде отворено в сабота со натпреварите меѓу Македонија ЃП и Струга ТЉ, како и со дуелот меѓу Брегалница и Работнички во Штип.

Останатите три натпревари ќе бидат одиграни в недела. Сите натпревари ќе започнат во 15 часот, освен мечот во Ѓорче кој ќе стартува во 14 часот.

  • Делегирани судии 9. коло ПМФЛ:

Тиквеш – Скопје, Стојанче Стојанов (Штип)
Македонија ЃП – Струга Трим Љум, Александар Ставрев (Скопје)
Шкупи – Силекс, Јован Качевски (Скопје)
Победа – Шкендија, Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Брегалница – Работнички, Александар Грујоски (Кичево)

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!