ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Качевски ќе го суди дербито меѓу Шкендија и Шкупи, Ставрев патува во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 8. коло од Првата македонска фудбалска лига. Колото ќе биде отворено во сабота со четири натпревари, а ќе биде затворено в недела со мечот на „Железарница“ меѓу Скопје и Брегалница.
Познати се и судиите кои ќе ја делат правата на сите пет прволигашки натпревари од осмата рунда.
- Делегирани судии 8. коло ПМФЛ:
Скопје – Брегалница, Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Работнички – Победа, Игор Стојчевски (Скопје)
Шкендија – Шкупи, Јован Качевски (Струга)
Академија Пандев – Македонија ЃП, Александар Ставрев (Скопје)
Струга Трим Љум – Тиквеш, Марјан Младеновски (Скопје)
Силекс (слободна екипа)