ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Качевски ќе го суди дербито меѓу Брегалница и Тиквеш, Ставрев ќе им суди на Победа и Македонија ЃП

Викендот на програмата е 14. коло од Првата македонска фудбалска лига. Колото ќе биде отворено со дуелот меѓу Скопје и Силекс, а ќе биде комплетирано во недела со останатите четири натпревари. Сите дуели ќе започнат во ист термин, односно од 13 часот.

Веќе се делегирани и судиите кои ќе ја делат правдата на сите пет прволигашки натпревари. На Градскиот стадион во Штип ќе се одигра големото дерби меѓу Брегалница и Тиквеш, а главен судија ќе биде Јован Качевски од Струга. Александар Ставрев ќе патува во Прилеп, каде на „Гоце Делчев“ ќе ја дели правдата меѓу Победа и Македонија Ѓорче Петров.

  • Делегирани судиите за 13. коло од ПМФЛ:

Скопје – Силекс, Александар Грујоски (Кичево)
Шкендија – Академија Пандев, Марјан Младеновски (Скопје)
Работнички – Струга Трим Љум, Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Брегалница – Тиквеш, Јован Качевски (Струга)
Победа – Македонија ЃП, Александар Ставрев (Скопје)
Шкупи – (слободна екипа)

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!