ФудбалФутсал

Јувентус Серава со 22 гола го прегази Кратово во Футсал лигата

Јувентус Серава го одигра најдобриот натпревар во тековната сезона и на домашен терен со високи 22:6 го прегази Кратово, во последниот натпревар од 9. коло од Првата футсал лига. Домаќините кои важеа за големи фаворити на овој меч одлично го отворија.

Сали Салиоски и Гани Исмаили со по четири погодоци беа најдобри кај домаќините. Во листата на стрелци се запишаа и Фуркан Шабани и Осман Мусфата со по три погодоци. Укшини Дионис, Омер Османи и Бесарт Љусјани постигнаа по два погодоци, додека Енес Јусуфи и Еркан Амети постигнаа по еден погодок.

Кај гостите Стефанов Драган постигна три гола, Јовановски Никола два пати ја погоди мрежата на Јувентус Серава, додека Филипов Давид погоди еднаш.

Екипата на Јувентус Серава со 9 бодови е на шестото место на табелата, додека Кратово со 4 освоени бодови е на 11 место во Првата македонска футсал лига.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!