ФудбалФутсал

Јувентус Серава со 10 гола го доби Кеги Моби во Велес

Одличен, возбудлив и интересен натпревар се одигра во Велес, каде екипата на Јувентус Серава со 7:10 славеше над Кеги Моби, во последниот натпревар од 10. коло од Првата футсал лига на Македонија.

Домаќините отворија одлично и до 5. минута имаа водство од 2:0 со головите на Давчевски и Саздовски. Гостите веднаш го вклучија алармот и направија одлична серија од три голови за 2:3 до 17. минута од натпреварот, стрелци беа Мустафа, Исмаили и Укшини. Домаќините со двата гола на Спасовски го свртеа резултатот повторно во нивна полза односно на 4:3.

Во вториот дел од натпреварот одлично отворија и одиграа гостите. Со двата гола на османи дојдоа до водство од 4:5, а Мустафа зголеми на 4:6. Кеги Моби се врати во игра и израмни на 6:6 со головите на Саздовски и Нанев. Младиот Љусјани го врати водството на Јувентус Серава на 6:7 но за помалку од 60 секунди резултатот беше повторно израмнет односно 7:7 со голот на Манасиев. Во последните пет минути од средбата Јувентус Серава одигра одлично и преку двата гола на Салиевски и Укшини беа поставени конечните 7:10.

Екипата на Јувентус Серава со 15 бодови е на петото место на табелата, додека Кеги Моби со 9 е осми.

Лидер на табелата е Проект Цико со 28 бодови, еден помалку има Арбен Бајрами, додека шампионот Шкупи е на третото место со 23 бодови. На последното место е Мал Ајакс со два бодови.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!