ОстанатоФудбалФутсал

Јувентус Серава не допатува во Струга, Енхалон мечот го добива со службен резултат

Денес требаше да биде отворено 9. коло од Првата футсал лига со мечот во Струга меѓу Енхалон и Јувентус Серава, но натпреварот не се одигра, бидејќи гостинската екипа не допатува во градот покрај езерото.

Натпреварот требаше да се одигра во Спортската сала „Тими“ со почеток од 20:15 часот, а по чекање од 30 минути екипата на Јувентус Серава не се појави на теренот.

Како што е наведено во официјалниот записник од натпреварот, домашната екипа, судиската двојка – Музафер Исмаили и Кирил Смоквоски, како и делегатот Македонче Дуртаноски чекале 30 минути, по што телефонски било разговарано со претставник на гостинската екипа кој известил дека поради дефект на возилото нема да може да дојдат во Струга со цел да го одиграат натпреварот.

Ова значи дека Енхалон натпреварот го добива со службен резултат и службени три бодови.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!