ОстанатоФудбалФутсал

Јувентус Серава на дуел против Проект, Шкупи гостува кај Карадаку

Викендот на програмата се натпреварите од 8. коло на Првата футсал лига. Колото ќе биде отворен в сабота со три натпревари.

Карадаку на домашен терен го очекува тежок дуел протв непоразениот и перфектен лидер Шкупи. По седум кола Шкупи не знае за пораз и со максимални 21 бод е на врвот од табелата, додека пак Карадаку е четврти со десет бодови помалку.

Во ист термин ќе започне и дербито од дното на табелата во Тетово меѓу Шкендија и Енхалон. Домашните имаат само еден триумф сезонава, па в сабота ќе бркаат втора радост против гостите од Струга кој имаат нешто подобра форма.

15 минути подоцна Јувентус Серава на домашен терен ќе има тешка задача против актуелниот шампион Проект. По седум одиграни кола Јувентус Серава е на петтата позиција со 10 освоени бодови, додека пак Проект е втор со осум повеќе.

В недела ќе бидат одиграни два натпревари кои ќе започнат во 18:00 часот. Последнопласираниот Велес на домашен терен ќе игра против големиот фаворит Арбен Бајрами, додека пак Црна Река и Железарец ќе играат дерби во Кавадарци.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!