ФудбалФутсал

Јувентус Серава го декласираше Велес

Јувентус Серава со високи 9:3 го декласираше Велес во воведниот натпревар од 11. коло од Првата футсал лига на Македонија.

Домаќините важеа за големи фаворити на овој меч и сосема заслужено дојдоа до посакуваните три бодови. На почетокот од натпреварот паднаа дури три гола. Во 6. минута Мустафа го отвори резултатот за водство на домаќините од 1:0, а за помалку од 40 секунди погоди Укшини за 2:0. Гостите веднаш реагираа и во 8. минута преку младиот Аљиљи намали на 2:1. До крајот на првото полувреме беа постигнати уште два погодоци. Салиевски стрелаше за 3:1, а Љатифај за 4:1.

Во вториот дел Јувентус Серева имаше тотална доминација. Османи погоди за 5:1, а само четири минути подоцна младиот Њусјани постигна гол за 6:1. Домаќините продолжија со одличната игра и преку Шабани зголемија на 7:1, Мустафа постигна гол за 8:1, а Љатифај за 9:1. Во последните две минути Мартин Калчев постигна два погодоци за конечни 9:3.

Колото ќе биде комплетирано утре кога ќе бидат одиграни останатите пет натпревари.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!