ФудбалФутсал

Јувентус Серава домаќин на Велес, шампионот Шкупи гостува кај Црна Река

Утре стартува 11. коло од Првата футсал лига на Македонија кое ќе финишира во понеделник.

Колото ќе биде отворено со мечот меѓу Јувентус Серава и Велес. Домаќинот со 15 бодови е на петото место на табелата, додека Велес со три помалку е седми на табелата.

Во недела ќе бидат одиграни вкупно четири натпревари. Црна Река во Кавадарци ќе го пречека шампионот Шкупи, во меч каде гостите ќе бидат фаворити за победа.

Железарец на домашен терен ќе ја пречека екипата на Кеги Моби од Велес. Формата ги фаворизира домаќините да бидат фаворити за нова сезонска победа.

Арбен Бајрами ќе биде домаќин на Кратово, во меч каде домаќинот е апсолутен фаворит. Арбен Бајрами со 27 бодови е на второ место на табелата и има еден бод помалку од Проект Цико, додека Кратово со 4 бодови е на претпоследното место на табелата.

„Фенерџијата“ Мал Ајакс на домашниот терен во Штип ќе има тешка задача против Карадаку. Се освен победа за штипјани ќе биде негативен исход, додека Карадаку доаѓа силно мотивиран за нова победа.

Колото ќе биде затворена во понеделник со натпреварот во Штип меѓу домаќинот Астибо и лидерот Проект Цико. Гостите на овој меч ќе бидат големи фаворити за нова победа и за задржување на лидерското место.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!