Европски ФудбалФудбал

Јувентус го враќа Пјаниќ, еве ги сите детали!

Босанскиот репрезентативец Миралем Пјаниќ моментално е на одмор во Калесија, а додека одмара има многу шпекулации за неговата иднина.

Останувањето на Роналд Куман на клупата на Барселона речиси сигурно значи заминување на босанскиот фудбалер од „Камп Ноу“, но има многу заинтересирани клубови за него.

Како што пишува „Газета дело Спорт“, а истото го потврди и „Марка“, Јувентус започна акција за враќање на Миралем Пјаниќ во црно-белиот дрес. Според нив, „старата дама“ најпрво би сакала да го земе Пјаниќ на позајмица од Барселона, со право на откуп.

Масимилијано Алегри се врати на клупата на Јувентус и најдобро ги знае квалитетите на Миралем Пјаниќ и знае дека е многу потребен во остварувањето на неговата цел, а тоа е враќање на титулата во Торино.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!