Европски ФудбалФудбал

Јуве понуди 30 милиони за Локатели, Сасуоло одби

Торинскиот гигант Јувентус испрати понуда вредна 30 милиони евра до Сасуоло на име отштета за играчот за врска на италијанската репрезентација, Мануел Локатели, но италијанскиот клуб не го прифати тоа, пренесуваат европските медиуми.

Преговорите сè уште траат, а понудата на „старата дама“ беше двегодишен заем со обврска за откуп.

Сепак, Сасуоло сака да добие понуда поблизу до износот од 40 милиони евра, додека Локатели сака да ги напушти зелено-црните и да замине во клуб со кој во иднина ќе може да игра во Лигата на шампионите.

Лондонски Арсенал е заинтересиран и за услугите на италијанскиот играч за врска, но засега нема информации за преговорите на Сасуоло со „топџиите“.

Локатели дебитираше професионално во дресот на Милан, а играше за „росонерите“ од 2016 до 2018 година, кога стана играч на Сасуоло – прво како позајмен играч, а потоа тимот од регионот Емилија-Ромања го откупи неговиот договор.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!