Европски ФудбалФудбал

Јуве и Рома преговараат за размена во која би учествувал Џеко ?

„Кориере дело Спорт“ пишува дека иднината на Един Џеко во Рома е неизвесна и дека римскиот клуб би сакал да се ослободи од босанскито играч поради високата плата и да вложи пари во помлад напаѓач.

Џеко е исклучително важен за тимот на Рома и може да даде голем придонес, за што се свесни челниците на клубот, но неговата плата е товар.

Наведено е дека во моментов единствена опција за продажба на искусниот напаѓач е Јувентус, бидејќи Џеко многу му се допаѓа на старо-новиот тренер Масимилијано Алегри.

Споменатиот италијански медиум пишува дека првиот човек на „старата дама“, Андреа Ањели, би го зел Џеко бесплатно, земајќи само 7,5 милиони плати, додека Рома бара мала отштета.

Двата клуба наводно размислуваат и за размена. Јуве го нуди Федерико Бернардески, додека Рома би го сакала Мерих Демирал или Џанлука Фработа, кој исто така има понуда од Џенова.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!