Европски ФудбалФудбал

Јунајтед сака да го задржи Мата, дури ОСУМ играчи го напуштаат „Олд Трафорд“

Шпанскиот играч за врска Хуан Мата е во преговори со Манчестер Јунајтед за продолжување на соработката.

Договорот на искусниот плејмејкер со „црвените ѓаволи“ истекува на крајот на јуни. Се шпекулираше дека 34-годишниот играч може да го напушти „Олд Трафорд“ ова лето, но сега е поблизу до останување. Повеќе информации за неговата иднина ќе знаеме во наредните денови.

Покрај Мата, во Јунајтед би можеле да останат и третиот голман Ли Грант и младиот стопер Пол Вулстон.

Покрај Ромеро и Переира клубот го напуштаат и младинците Џејкоб Карни, Марк Хелм, Лестин Хјуз, Арнау Пуџмал, Макс Тејлор и Алиу Траоре.

Јунајтед минатата сезона го освои второто место во Премиер лигата и се пласираше во финалето на Лигата на Европа, каде беше поразен од Виљареал.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!