Европски ФудбалФудбал

Јунајтед официјално доби нов менаџер: Со нетрпение очекувам да бидам дел од овој проект на долг рок

Веќе неколку дена е јасно дека Ралф Рагник ќе биде новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, а сега стигна и официјалната потврда.

Манчестер Јунајтед на официјалниот сајт потврди дека постигнал договор со германскиот стручњак. Рангник потпиша договор до крајот на сезоната, по што треба да биде клупски советник во следните две години.

„Тимот е полн со таленти и има одличен баланс на младост и искуство. Се ќе подредам за во следната половина од годината сите мои играчи да ги исполнат своите потенцијали и индивидуално и екипно. Дополнително, со нетрпение очекувам да бидам дел од овој проект на долг рок“, рече накратко Рангник.

Откако Оле Гунар Солскјер доби отказ на клупата на Манчестер Јунајтед, тимот привремено го презеде Мајкл Керик, кој го победи Виљареал во Лигата на шампионите додека ремизираше во првенствениот дуел со Челзи.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!