Европски ФудбалФудбал

Јунајтед му нуди на Погба 400.000 фунти неделно до 2026 година

Пол Погба е на добар пат да стане најплатениот играч во Премиер лигата. Манчестер Јунајтед подготви петгодишен договор за францускиот играч за врска, според кој тој би добивал 400 илјади фунти неделно. Неговиот сегашен договор истекува во јуни следната година, а тимот од „Олд Трафорд“ сака да обезбеди тој да остане во нивните редови.

Погба беше поврзуван со неколку тимови кои сакаат да го ангажираат. Неговиот агент наводно разговарал со челниците на ПСЖ, додека желбата на одличниот играч е Реал Мадрид. Сепак, со ваква понуда реално е да остане во Манчестер.

Во моментов Погба заработува нешто помалку од 300.000 фунти неделно. Оваа година тој имаше шест голови и девет асистенции на 42 натпревари за Јунајтед.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!