Европски ФудбалФудбал

Јунајтед ќе биде многу активен: „Црвените ѓаволи“ го сакаат италијанскиот репрезентативец

Манчестер Јунајтед ќе биде еден од најактивните клубови во летниот преоден рок, а „црвените ѓаволи“ бараат засилување на позицијата десен бек.

Мета на клубот од „Олд Трафорд“ беше десниот бек на Наполи, Џовани Ди Лоренцо, кој се пласираше во финалето на Европското првенство со Италија.

Странските медиуми пишуваат дека понудата од 17 милиони евра би била доволна за италијанскиот клуб да го пушти Ди Лоренцо на „Олд Трафорд“.

Ди Лоренцо е во Наполи од средината на 2019 година кога дојде од Емполи, а го носеше дресот и на неколку италијански нисколигаши. Тој одигра 12 натпревари за Италија.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!