Европски ФудбалФудбал

Јунајтед го руши клупскиот рекорд, купува млад Англичанец за 90 милиони евра!

Минатогодишната желба на Јунајтед ќе се исполни претстојното лето. По долги преговори со Борусија Дортмунд, беше договорено талентираниот репрезентативец на Англија, Џејдон Санчо (20) да се пресели на „Олд Трафорд“ за 90 милиони евра.

„Црвените ѓаволи“ успеаја да ја намалат цената за околу 30 милиони. Иако во повеќе наврати од Дортмунд рекоа дека нема да го пуштат Санчо за помалку од 120 милиони евра, тие се согласија на многу пониска цена, свесни дека истакнатата цена е сè уште нереална.

Трансферот на Санчо ќе го сруши клупскиот рекорд на Манчестер Јунајтед. Досега тоа беа платени 87 милиони евра на Лестер за доаѓањето на Хари Мекгваер.

Во секој случај, германскиот клуб многу ќе заработи од трансферот на младиот Англичанец. Санчо пристигна во Дортмунд како 17-годишник од Манчестер Сити за осум милиони евра.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!