Европски ФудбалФудбал

Јунајтед го отвори тренинг центарот: Играчите постепено се враќаат

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед постепено се враќаат на тренинзите, по проблемите кои ги имаа поради ширењето на корона вирусот, соопштија од клубот од „Олд Трафорд“.

Тренинг центарот на „црвените ѓаволи“ беше затворен поради голем број заразени играчи и спортски работници, но повторно беше отворен во вторник.

„Менаџерот Ралф Рангник и неговиот тим ќе имаат време да се подготват за следниот натпревар – против Њукасл на „Сент Џејмс Парк“ во понеделник“, се вели во соопштението.

Претходно „црвените ѓаволи“ го одложија дуелот со Бретфорд и Брајтон.

Потсетуваме, Премиер лигата во понеделникот излезе со соопштение во кое најави дека нема да има паузи во натпреварувањето, туку дека ќе продолжи со празничната програма.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!