Европски ФудбалФудбал

Јунајтед бара тренер, но доби „корпа“

Селекторот на италијанската репрезентација Роберто Манчини го одби Манчестер Јунајтед.

Откако ја прекинаа соработката со Оле Гунар Солскјер, челниците на „црвените ѓаволи“ ја започнаа потрагата по негов наследник.

На нивната листа со желби има неколку имиња, а меѓу нив се најде и она на актуелниот селектор на Италија, и поранешниот менаџер на Манчестер Сити, Роберт Манчини.

Ако му се верува на новинарот на „Спорт Билд“, Кристијан Фаик, челниците на Јунајтед стапиле во контакт со италијанскиот стручњак, но тој ја одбил нивната понуда, наведувајќи дека е фокусиран на репрезентацијата во пресрет на квалификациите за Светското првенство.

Да потсетиме, по заминувањето на Солскјер со „црвените ѓаволи“ беа поврзани Зинедин Зидан, кој моментално е без работа, и Маурисио Покетино, кој моментално го води ПСЖ.

До изборот на нов менаџер, Јунајтед од клупата ќе го води помошникот на Солскјер, Мајкл Керик.

За крај да додадеме дека покрај лутиот ривал на Јунајтед, Манчестер Сити, Манчини во кариерата ги предводеше и Фиорентина, Лацио, Интер, Галатасарај и Зенит.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!