Европски ФудбалФудбал

Југослав Тренчовски не е повеќе тренер на Ал Араби

Македонскиот стратег Југослав Тренчовски си заминува од Ал Араби, еден од најдобрите фудбалски клубови во Кувајт, кој го водеше изминатите два месеци. Тренчовски ја презеде одговорноста за постигнатите резултати и реши да си замина од тренерското столче. Ал Араби на стартот од новата сезона забележа две последователни ремија и пораз во 3. коло.

Тренчовски е поранешен тренер на македонскиот прволигаш Академија Пандев, а со „пандевци“ испиша историја, откако го освои Купот на Македонија во 2018/2019 и обезбеди историски излез во Европа за струмичани.

По одличните резултати со Академија Пандев, Тренчовски се реши за интернационален предизвик во Кувајт, каде најпрво беше технички директор во Ал Араби и тренер на вториот тим.

Летово тој го презеде првиот тим, но по само нешто повеќе од два месеци реши да се повлече.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!