ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Јубилејни 80 години постоење на ФК Македонија – ревијален натпревар против Караорман

Третолигашот Македонија од Враништа во недела (25 јули) ќе прослави јубилејни 80 години постоење. По тој повод е планирано да се одигра и ревијален натпревар против струшкиот третолигаш Караорман.

Екипата на Македонија во моментот се натпреварува во Третата лига – Југозапад, а клубот својот најголем успех го постигнал со влезот во Втората македонска фудбалска лига, во сезоната 2001–2002.

Прославата започнува во 16:00 часот на стадионот „Симе Стојаноски“.

„Драги поддржувачи на ФК Македонија, Ве известуваме дека на ден 25-ти јули 2021 (недела), славиме јубилејни 80 години постоење од нашиот клуб. По тој повод, Ве покануваме сите во 16 часот на нашиот стадион да го одбележиме овој голем роденден! Спортски поздрав“, се вели во соопштението на клубот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!