Јовиќ прозиваше, Еурофарм Пелистер 2 ги започна подготовките

Само две недели траеше паузата за ракометарите на Еурофарм Пелистер 2. Најмладиот учесник во плеј-офот на Суперлигата денес им се врати на работните обврски и тренерот Александар Јовиќ прозиваше во спортската сала „Јован Калаузи“ во Битола.
Пелистерци го потврдија играчкиот кадар кој го обезбеди разигрувањето, а се очекува и доведување на едно ново име, на позицијата десен бек. Тимот ќе се подготвува во Битола, а предвидени се и неколку контролни натпревари за брусење на формата пред официјалните натпревари во март.
Првите два дуели се против Прилеп, следната сабота на гостински терен и за девет дена во Битола.
Распоредот на Еурофарм Пелистер 2 во плеј-офот:
- коло: Вардар 1961 – Еурофарм Пелистер 2
- коло: Еурофарм Пелистер 2 – Пролет
- коло: Металург – Еурофарм Пелистер 2
- коло: Струга – Еурофарм Пелистер 2
- коло: Еурофарм Пелистер 2 – Охрид
- коло: Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2
- коло: Еурофарм Пелистер 2 – Бутел
- коло: Еурофарм Пелистер 2 – Вардар 1961
- коло: Пролет – Еурофарм Пелистер 2
- коло: Еурофарм Пелистер 2 – Металург
- коло: Еурофарм Пелистер 2 – Струга
- коло: Охрид – Еурофарм Пелистер 2
- коло: Еурофарм Пелистер 2 – Еурофарм Пелистер
- коло: Бутел – Еурофарм Пелистер 2
Целта на оваа млада екипа е што е можно подобро репрезентирање во разигрување и ако се укаже шанса и изненадување против респектабилните противници.
оментари