ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Јовановски: Верувам во моите соиграчи и очекувам нови 3 бода против Обршани

Утре и во четврток се игра вонредното 3. коло од Третата лига – Југ, а екипата на Росоман на домашен терен ќе одигра дерби со незгодниот протовник Обршани. Росоман кој важи за фаворит за првото место на табелата тргна одлично во новата сезона откако на домашен терен со убедливи 5:1 го декласираше Ново Црнилиште, додека пак во 2. коло „одмараше“ бидејќи беше одложен мечот со Младост 1930 во Кривогаштани поради лошите временски услови, меч презакажан за среда (16. март).

НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428

Во изјава за Спортска Мрежа фудбалерот на Росоман, Филип Јовановски вели дека неговата екипа ја очекува тежок натпревар, но додава дека влегуваат спремни и комплетни.

„Не очекува тежок натпревар, но во него влегуваме спремни и комплетни. За жал јас ќе го пропуштам овој натпревар, поради суспензијата од натпреварот против Црнилиште. Но, верувам во моите соиграчи и очекувам нови 3 бода“, ни изјави Јовановски.

Натпреварот ќе започне во 15:00 часот на теренот во Росоман.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!