ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Јовановски: Верувам дека Беласица може да опстане, секој секого може да победи!

Беласица денес го промовираше Ѓоре Јовановски како нов шеф на стручниот штаб. Во пролетната полусезона, „фенерџијата“ со нов предводник на тимот ќе се обиде да ја оствари единствената цел – опстанок во Првата македонска фудбалска лига.

Јовановски, кој покрај играчката кариера, има и богата кариера како стратег и тоа во Вардар, Слога Југомагнат, Македонската репрезентација, Самсунспор, Работнички, Милано Куманово, Металург, ЦСКА Софија, Шкендија, Брегалница, а сега во своето CV ќе ја придодади и ФК Беласица, како нов предизвик во борбата за опстанок во елитата.

„Беласица е клуб со традиција и многугодишна историја. Сите овде во клубот, стручниот штаб, фудбалерите и раководството веруваме дека Беласица може да опстане, затоа што бодовите кои ги имаме во моментов не одговараат на нашиот квалитет и квалитетот на лигата е изедначена, па така секој секого може да победи“ – истакна искусниот стратег.

Беласица есенската полусезона ја заврши на последното место на табелата со 9 освоени бодови, и во пролетната полусезона ќе води борба за сигурен опстанок во македонската елита.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!