Јовановски: Нови засилувања во ЖФК Љуботен, ќе атакуваме на куп-титулата, следна сезона и на шампионската титула!

Женскиот фудбалски клуб Љуботен од Тетово дефинитивно е најактивен на трансфер пазарот, откако донесе две бразилски засилувања, како и репрезентативни засилувања со што клубот ќе има големи амбиции за тековната и идната сезона, Љуботен најавува и нови засилувања. Спортска Мрежа разговараше со Драгољуб Јовановски потпретседателот на ЖФК Љуботен, кој вели дека за тековната сезона прва амбиција е опстанок односно клубот да заврши во првите осум, атак на куп-титулата што ќе биде подготовка на амбициите за идната сезона атак на првата шампионска титула.
ЖФК Љуботен есенскиот дел од сезоната го заврши на десетото место на табелата со 15 освоени бодови. Колку сте задоволни од прикажаната игра и остварени резултати ? Каде најмногу потфрли екипата ?
„Со оглед на тоа што касно го превзедовме раководењето на клубот пред самиот крај на есенскиот преоден рок беше тешко да се екипираме, со крајни напори донесовме неколку засилувања меѓу кои и репрезентативката Јулија Живиќ. Наша примарна цел беше 15 бодови со што е и остварена, можеби можеше бод повеќе, но што е тука е“, ни изјави Јовановски.

Клубот донесе две атрактивни засилувања од Бразил, ја потпиша и репрезентативната голманка Лекоска и ја врати Митреска. Дали клубот планира и други засилувања и на кои позиции би биле истите ? Дали имате конкретни преговори со некои имиња ?
„Да, не застануваме тука, пред промоција сме со две интернационални засилувања, исто така пред конечен договор сме и со две македонски репрезентативки со што би го затвориле зимскиот преодниот рок“, рече Јовановски.
Кои се целите за пролетниот дел од сезоната и што може да се очекува од ЖФК Љуботен за вториот дел од ПЖФЛ ?
„Главна амбиција ни е опстанокот т.е. место меѓу првите осум екипи на табелата, втора амбиција ни е атак на куп титулата се со цел подготовка на амбициите за идната сезона – атак на првата шампионска титула“, вели потпретседалот на клубот.

Кога ги започнувате подготовките за пролетниот дел од сезоната и каде воглавно ќе се подготвувате ? Дали се во план пријателски натпревари ?
„Подготовките ги започнуваме на 3-ти Февруари. Во план се базични подготовки 7 дена на Попова Шапка. Исто така планирано е и одигрување на 4 пријателски натпревари од кои два меѓународни“, заврши Драгољуб Јовановски.
Од следната сезона ќе биде формирана и Втора женска фудбалска лига, со што сите екипи кои ќе завршат во тековната сезона од Првата женска лига до осмо место ќе го задржат прволигашкиот статус и за следна сезона, додека сите останати екипи кои ќе завршат под осмо место, како и сите идни нови клубови ќе се натпреваруваат во Втората женска фудбалска лига.
�оментари