ФудбалФудбал - Прва женска лига
Јошевска верна на ЖФК Каменица Саса

Репрезентативката Христина Јошевска која веќе три години е дел од шампионот ЖФК Каменица Саса, вчера стави потпис на нов договор од две и пол години, со што во Македонска Каменица ќе остане до јуни 2023 година.
Јошевска е една од капитенките на актуелниот женски шампион, незаменлива во одбранбената линија, една од најзаслужните за целокупниот успех на Саса и во наредните две ипол години ќе настапува во дрес на шампионот и со својот квалитет ќе допринесе за нови успеси и нови титули.
20-годишната Јошевска во својата кариера има настапувано за битолските екипи ЖФК Топ Гол и ЖФК Атлетико.