Европски ФудбалЕУРО 2020Фудбал

Јоаким Лев пред нов селекторски ангажман

Германскиот стручњак Јоаким Лев ја напушти клупата на германската репрезентација откако испадна на Европското првенство.

Германија беше еден од фаворитите за освојување медал на ЕП, но на крајот оваа репрезентација го заврши патувањето во осминафиналето кога беше поразена од Англија со 2:0.

На клупата Лев беше заменет со поранешниот тренер на Баерн, Ханси Флик.

Иако се очекуваше по 17 години да се обиде со клупскиот фудбал, се чини дека тоа нема да се случи бидејќи во германските медиуми се зборува дека Лев повторно ќе предводи репрезентацијата.

Имено, Фудбалскиот сојуз на Русија покажа голем интерес за доведување на Лев откако беше отпуштен Станислав Черчесов.

„Билд“ синоќа објави дека Лев е главниот кандидат за преземање на селекторската позиција на руската репрезентација, а покрај него како кандидати се споменуваат и Андре Вилаш Боаш и Стефан Кунц.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!