ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Јасир Селмани е најново засилување за Воска Спорт

Новиот член на Втората лига – Запад, екипата на Воска Спорт од Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона. Најново засилување на „Грашница“ е Јасир Селмани.

30-годишниот Селмани е играч од сред ред, а со неговото искуство ќе биде од големо значење за екипата предводена од Раде Цицмиловиќ.

Во својата кариера има настапувано за Гостивар, Ренова, Шкендија, Херлев од Данска, Фоло од Норвешка, косовски Феризај и Влазнија од Албанија.

Со квалитетниот тим кој го гради Воска Спорт, нема да биде изненадување ако екипата испише нова историја и обезбеди учество во Првата македонска фудбалска лига.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!