ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Јанкулоски и Рутески најнови засилувања за третолигашот Големо Коњари

Третолигашот Големо Коњари денес претстави уште две нови засилувања по вчерашните две – Петар Петроски и Роберт Димитриески за кои Спортска Мрежа информираше. Денес во Големо Коњари пристигнаа Стефан Јанкулоски и Мартин Рутески.

>>> ПРОМОЦИЈА НА АПАРТМАНИ, ХОТЕЛИ И РЕСТОРАНИ НА ТУРИСТИЧКАТА ПЛАТФОРМА – КОТВА.МК <<<

Јанкулоски е 21-годишниот крилен напаѓач кој доаѓа од редовите на прилепска Победа. Рутески е 25-годишниот везен играч кој доаѓа исто така од Победа, а претходно има настапувано за Металург и Копер од Словенија.

Како што претходно објави Спортска Мрежа Големо Коњари ќе атакува за освојување на првото место и со тоа преку баражот да обезбеди место во Втората македонска фудбалска лига.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!