Јанкоски: Напредок Крушеани е подготвен и очекуваме победа над Динамо!

Во недела Напредок Крушеани ќе се соочи со екипата на Динамо од Мажучиште во меч од 13. коло од Третата лига – Југ. На овој натпревар тимот на Напредок ќе важи за апсолутен фаворит за освојување на нови три бодови со што ќе остане на врвот на табелата. Ицко Јанкоски со 17 постигнати погодоци е еден од фудбалерите кој има постигнато најмногу погодоци во ТМФЛ – Југ, во изјава за Спортска Мрежа вели дека Напредок е подготвен и очекуваат победа во недела.
„Напредок Крушеани е максимално подготвен за натпреварот со Динамо од Мажучиште. Очекуваме победа нормално, но не го потценуваме тимот на Динамо. Напорно работевме и максимално сме подготвени за натпреварот и се надеваме ќе го потврдиме успехот како на предходните три натпревари, а особено резултатот постигнат на гостинскиот терен на Младост од Кривогаштани.
Натпреварот се игра во недела со почеток од 13:00 часот и ќе биде одигран без публика, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.
Еден Коментар