Јанчев не ја прифаќа оставката на Костов: Целосна поддршка на тренерот Влатко Костов

Шкупи со минимални (1:0) го доби Тиквеш, но натпреварот го одбележа спорен момент кога судијата Јован Качевски досуди пенал, а потоа ја промени одлуката.
НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428
По завршувањето на натпреварот тренерот на кавадарчани Влатко Костов најави оставка, но Општината која е главен финансиер на клубот се огласи преку Градоначалникот на Општина Кавадарци, кој рече дека оставката не се прифаќа, а тренерот Влатко Костов има целосна поддршка.
„Како Градоначалник отсекогаш сум го поддржувал спортот во Кавадарци. Особено ми претставува чест кога ги следам натпреварите на нашиот ГФК Тиквеш. Се гордеам со резултатите што ги постигна во последната година и секогаш сум со него и кога победувал и кога губел.
И затоа по најавената оставка на тренерот Влатко Костов, единствено што можам да кажам е дека ниту јас, ниту Управниот одбор, навивачите и љубителите на фудбалот, не можеме да ја прифатиме, затоа што сметаме дека тој не сноси никаква одговорност за фудбалските настани кои следеа претходно, за што се изјасни и судиската комисија на ФФМ и призна дека нашиот клуб многупати досега бил оштетен. Затоа, му даваме целосна поддршка на тренерот Влатко Костов, човек кој важи за најдобар и најискусен во Македонија, да остане на чело на Тиквеш и да продолжи со неговата работа, и секако да го подготвува тимот за следниот натпревар на домашен терен против ФК Струга Трим и Лум“, истакна градоначалникот Јанчев.
ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“
Тиквеш до крајот од сезоната ќе води борба за опстанок во Првата македонска фудбалска лига.
Еден Коментар