Јанчески: Кравари е одлична екипа, утре ќе биде тежок натпревар за нас, но одиме на победа

Утре во рамки на 15. коло од Третата фудбалска лига – Југозапад силите ќе ги одмерат Кравари и Македонија од Враништа. Двете екипи ја стартуваа пролетната полусезона со победи, но Кравари направи вистинско изненадување откако со 0:1 го доби фаворитот Црно Буки.
НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428
Во изјава за Спортска Мрежа голманот на Македонија од Враништа, Јанче Јанчески вели дека атмосферата во тимот е одлична, додава дека е изненадувачки што Кравари оствари победа над Црно Буки, а рече дека се надеваат на остварување на целта – победа.
„Атмосферата во тимот е одлична, победата во првото пролетно коло ни беше единствена цел до која стигнавме без поголем проблем. Ние како и на секој натпревар одиме на победа, така ќе биде и утре против Кравари“, вели Јанчевски и додава:
„Малку изненадувачки е што Кравари успеа да оствари победа против Црно Буки, но тоа кажува дека се одлична екипа и дека во недела ќе биде тежок натпревар за нас, а Кравари со тоа докажа дека е одлична екипа. Мотивацијата нивна е наша поголема мотивација така да ќе влеземе со ладни главо во мечот силно мотивирани и се надевам дека ќе ја оствариме единствената цел, а тоа е победа за нас.“
ВАШАТА РЕКЛАМА НА СПОРТСКА МРЕЖА – КОНТАКТ: 074 / 241 – 247