Европски ФудбалФудбал

Ја воодушеви фудбалска Европа: Олмо е мета – Реал Мадрид!

Според германски Билд, поранешниот играч на Динамо, сегашен член на РБ Лајпциг и шпански репрезентативец Дани Олмо е мета на Реал Мадрид!

Со подобрите настапи во Бундеслигата, но и во дресот на „фуријата“, фудбалерот на РБ Лајпциг и репрезентативец на Шпанија го привлече вниманието на Реал и клубот од Мадрид ќе го следи повнимателно во наредните денови. Според медиуми нема шанси Лајпциг да го ослободи 23-годишниот Олмо за помалку од 50 милиони евра.

Дани пристигна во Лајпциг во јануари 2020 година од Динамо во трансфер вреден 22 милиони евра. Роден е во Каталонија и своите први фудбалски чекори ги направи во Еспањол, па помина седум години во Барселона. Одењето во Реал би значело одење кај најлутиот ривал на неговиот клуб од детството.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!