Куп на МакедонијаФудбал
Извлечени паровите за воведното коло во Купот на Македонија

Во „Куќа на фудбалот“ со извлекување беа одредени паровите за 1/16 финалето од новото издание на Купот на Македонија.
Актуелниот шампион во натпреварувањето, тимот на Македонија Ѓ.П. и ланскиот финалист, екипата на Силекс натпреварите во Купот на Македонија за натпреварувачката сезона 2022/23 ги започнуваат од 1/8 финалната фаза.
Паровите за воведното коло кое ќе се одигра на 14. септември се следните:
БЕЛАСИЦА – ШКУПИ 1927
ГОСТИВАР – ПЕЛИСТЕР
ТЕТЕКС – Академија ПАНДЕВ
СЛОГА 1934 – БРЕГАЛНИЦА 2008
КАМЕНИЦА САСА – ВАРДАР
КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА – ТИКВЕШ 1930
ВАРДАР НЕГОТИНО – СТРУГА ТРИМ Љ УМ
КАРБИНЦИ – ПОБЕДА
ЗАЈАЗИ – ВОСКА СПОРТ
ФОРТУНА – БОРЕЦ 1919
ЉУБОТЕН – РЕНОВА
БВК КОЊАРИ – РАБОТНИЧКИ
ЦРНО БУКИ ЗЛ – СКОПЈЕ
КАРАОРМАН 2017 – ШКЕНДИЈА