Куп на МакедонијаФудбал

Извлечени четвртфиналните парови во Купот на Македонија

Во “Куќа на фудбалот” со извлекување беа одредени 1/4 парови во Купот на Македонија. 

Бранителот на трофејот, Македонија Ѓорче Петров ќе се соочи со тимот на Академија Пандев. 

Актуелниот првак, Шкупи за противник ја доби тетовска Шкендија, додека ланскиот финалист, Силекс за место меѓу четирите најдобри ќе игра против Вардар. 

Струга Трим Љум – Брегалница е последната 1/4 финална двојка. 

Натпреварите се закажани за 9. ноември во 13:00 часот. 

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!