ОстанатоФудбалФудбал - ОстанатоФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Изложба за Никица Клинчарски – живот посветен на фудбалот

Изложба посветена на најголемата жива легенда од Малешевијата и пошироко, фудбалерот и тренер Никица Клинчарски.

Официјалното отворање на изложбата ќе биде во петок, на 23 јули 2021 година, во 18:00 часот во Музејот на град Берово.

„Со огромна чест и задоволство Ве покануваме да бидете дел од изложбата посветена на најголемата жива легенда од Малешевијата и пошироко, фудбалерот и тренер Никица Клинчарски. Со оваа изложба сакаме да оставиме своевиден печат на залезот од неговата успешна фудбалска и тренерска кариера. Изложбата ќе биде отворена до 25 јули 2021 година“, велат организаторите на настанот.

Посетителите ќе имаат можност да видат многу фотографии, написи во печатените медиуми од поранешна Југославија, дресови, книги, освоени медали, пехари, плакети и признанија во клубовите каде настапувал. Отворањето ќе биде проследено со обраќање на Никица Клинчарски.

Клинчарски е роден на 5 јануари 1957 година во Берово. Играл за белградски Партизан во два наврата (1975-85 и 1987-89) и по бројот на одиграни натпревари се наоѓа на трето место после Момчило Вукотиќ и Саша Илиќ. Одреден период бил и капитен на клубот. Како играч на Партизан има освоено две првенства (1973, 1983) и еден Куп на Југославија (1989).

Од 1985 до 1988 играл мал фудбал во САД во екипите Американс од Лас Вегас (1985), Питсбург Спирит (1985-1986) и Чикаго Стинг (1986-1987). После враќањето во редовите на Партизан (1987-1989) една сезона игра во Фролунда, Шведска, а играчката кариера ја завршува во АИК од Бачка Топола (1989-1991).

Играл за Југославија на олимписките игри во Москва 1980. Има 8 настапи за А репрезентацијата на СФРЈ и им постигнато еден гол.

По кариерата како играч се посветил на работтата како тренер. Од 1994 работел како тренер во Младинската школа на Партизан. Од 1995 до 2000 бил селектор на кадетската репрезентација на Србија со која освојува четврто место на Европското првенство за кадети во Данска.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!