ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Изборни митинзи и партиски собири може, но фудбал во Трета лига и младински категории никако не може!

Само во Македонија, спортот, во случајот фудбалот е на последно место. Инаку, согласно новите одлуки и протоколи за заштита од Ковид-19 фудбалерите треба да имаат примено двојна доза на вакцина, во спротивно ќе треба да се тестираат пред секој натпревар на трошок на клубот.

Клубовите од Третата македонска фудбалска лига плаќаат котизација, а дополнителниот трошок за тестови и тоа за секој играч (кој не е вакциниран) пред секој натпревар е преголем финансиски удар за клубови кои и онака мака мачат како да ја истераат сезоната. Слична судбина имаат и младинските категории каде сè уште не е започната новата сезона.

Клубовите од третолигашката конкуренција реагираат со ставот дека во Македонија може слободно да се одржуваат изборни митинзи и партиски собири со дистанца и маска каде има и по 1000 до 5000 луѓе, а еден натпревар каде има до 40-тина луѓе не може да се одигра. Клубовите бараат да се вратат ланските мерки односно мерење на температура на секој играч пред почеток на натпреварот.

Третолигашот БВК Коњаре јавно реагираше дека во Македонија има одржување на митинзи без никакви мерки за заштита во неограничен број, додека пак за спортски настани, конкретно фудбал на отворено (максимум 40 луѓе) потребен е сертификат за вакцинација или ПЦР тест.

Колку за потсетување, Третата лига – Југозапад и Трета лига – Запад веќе ја започнаа новата сезона. Во Југозапад веќе се одиграа две кола, додека во Запад се одигра едно коло.

Во Трета лига – Југ, како што објави Спортска Мрежа само четири екипи имаат испратено барање до раководството дека се подготвени за старт на новата сезона тоа се Вардар од Неготино, Росоман, Превалец и новиот третолигаш Возарци ДМД.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!