ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Иво Јанакиевски и Филип Бошковски за посилен Работнички

Филип Бошковски е ново засилување за Работнички. Тој доаѓа од Пелистер и ќе ја засили конкуренцијата во одбраната на тимот на Љупчо Марковски.

Бошковски е десен бек, по потреба може да одговори и на левата странична позиција. Тој има 21 година и досегашниот тек од кариерата го мина во редовите на Пелистер.

Работнички потпиша договор со фудбалерот за врска Иво Јанакиевски. Тој доаѓа од Скопје и ќе го засили тимот на Љупчо Марковски во претстојната сезона. Треба да претставува одлична аквизиција за офанзивниот дел од составот.

Јанакиевски имаше одлична сезона во дресот на Скопје, а претходно во кариерата има настапувано и за Македонија ЃП, Борец, Љубанци, Тиквеш, Металург, Тетекс, Силекс и за Скопје.

Иво Јанакиевски од самиот старт се приклучи на подготовките на Работнички.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!