ОстанатоФудбалФутсал

Ивановски: Очекувам фер и коректна игра, промени на табелата нема да има, Кеги Моби ќе има плус три!

В недела со почеток од 16:00 часот во Велес се игра големото дерби на колото меѓу Кеги Моби и Астибо во борба за врвот од табелата во Втората футсал лига на Македонија.

Во изјава за Спортска Мрежа, Кирил Ивановски кој минатата сезона настапуваше во прволигашкиот шампион Проект вели дека сезоната ја стартувале според очекуваното, а во недела очекува фер и коректна игра.

„Сезоната ја започнавме очекувано со оглед на големиот ростер и несомнителен квалитет на повеќето играчи кои ги имаме во нашите редови. На првите два натпревари победивме со голема разлика против две млади и нови екипи во лигата, а третата беше тесна по резултат навидум лесна за нас пред почетокот и не посочуваме поквалитетен противник туку резултатот заврши така како што е поради нашето неозбилно излагање во вториот дел од натпреварот против КМФ Клими. За сегментите нема да коментирам имаме одличен тренер кој досега перфектно си ја извршува таа функција и сите му веруваме како и тој нас и знаеме дека можеме секогаш подобро. Ја прочитав изјавата на мојот соиграч од некои турнири во мал фудбал низ нашата држава и скоро секогашен противник во футсал првенството, Александар Божинов и можам да прокоментирам дека не треба да му замеруваме, мојот пријател е во години веќе и затоа имаше такво излагање пред медиумите (шала). Целосен респект кон штипјани поточно КМФ Астибо, екипа која секогаш знае да изненади со своите игри, квалитетните играчи и секогаш биле прволигаши така да може оваа да се каже дека е и прволигашно дерби за екипи кои би котирале добро и во повисокиот ранг на лигата. Очекуваме фер и коректна игра, подобриот ќе победи и нема да има промени на табелата после натпреварот само ќе биде +3 за домаќините на табелата“, изјави играчот на Кеги Моби.

Екипата на Кеги Моби

Ивановски вели дека сите во екипата се со позитивни мисли и влегуваат доста спремно пред дерби дуелот, додава дека екипата е комплетна.

„Атмосферата од тренинг на тренинг е подобро, од натпревар на натпревар е се попозитивна за сите нас. Изминатава недела работевме на тимбилдингот максимално за во недела да нема некакви изненадувања помеѓу соиграчите и недоразбирања. Сите заедно сме со позитивни мисли и влегуваме доста спремно пред овој натпревар. Екипата ни е комплет, без повреди со некои мали проблеми кај одредени играчи, но имавме доволно време да се опоравиме и да бидеме сите. Се тече во најдобар ред и со повеќе тренинг, поголема спремност кај играчите повредите се сведуваат на минимум“, вели Ивановски за Спортска Мрежа.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!