РакометРакомет - Суперлига
Ивановски: Натпреварот со Бутел е најважниот за нас, од тоа зависи местото за Европа!

Утре со натпреварот меѓу Охрид и Бутел ќе биде комплетирано 8. коло од плеј офот од Супер лигата. Дербито ќе се одигра во салата во Велгошти, бидејќи „Билјанини Извори“ ќе биде регионален центар за вакцинација против Ковид-19.
За „гладијаторите“ ќе биде многу важно утрешното дерби со Бутел кое мора да го добијат во битката за излез во Европа.
Ракометарот на Охрид, Мартин Ивановски вели дека утрешниот натпревар со Бутел е најважниот за нив, од тоа зависи и местото за Европа.
Целата изјава на Ивановски: