ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Иванов: Локомотива е максимално подготвена за дуелот со Саса, тие се фаворити но ние нема така лесно да им ги предадеме бодовите

Локомотива во недела ќе гостува во Македонска Каменица каде во рамки на 2. коло од Втората лига – Исток ќе ги одмери сили со Каменица Саса. Домаќинот на овој дуел ќе биде фаворит поради домашниот терен како и искуството кое го има. Капитенот на Локомотива, Дарко Иванов за Спортска Мрежа вели дека се максимално подготвени за дуелот со Саса, и додава дека иако противникот е фаворит, сепак во Македонска Каменица нема лесно да им ги предадат бодовите.

„Ќе бидеме максимално подготвени за натпреварот против Каменица Саса. Јасно е дека ним им припаѓа фаворитската улога, но ние нема така лесно да им ги предадеме бодовите. Ја имаме можеби најмладата екипа во лигата и сите сме желни да покажеме што знаеме на терен. Верувам дека нашиот стучен штаб предводен од Диме Тодоровски веќе ги има анализирано слабите страни на Каменица Саса и дека се подготвува изненадување во недела.“

Капитенот на новајлијата во Втората лига – Исток за натпреварот од 1. коло против Кожуф вели дека резултатот не е реален, бидејќи и тие имале изгледни шанси, кои не ги реализирале.

„Натпреварот со Кожуф го одлучија нијанси во играта. Тие се сепак искусен второлигаш и добро се покажаа во тие одлучувачки моменти. Сметам дека резултатот не е реален, сепак и ние имавме изгледни шанси, но не ги реализиравме. Како и да е одиме понатаму, сезоната ќе биде долга и тешка, и ќе имаме многу шанси да покажеме што знаеме“, заклучува Иванов во изјавата за Спортска Мрежа.

Во првото коло Локомотива на домашен терен загуби од Кожуф со резултат од 0:2.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!