ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Иванов: Локомотива е максимално подготвена – целта ни е прво место!

Локомотива во недела на домашниот терен во Градско ќе се соочи со екипата на Големо Коњари, во рамки на 12. коло од Третата лига – Југ. Во изјава за Спортска Мрежа, капитенот на Локомотива, Дарко Иванов вели дека екипата е максимално подготвена за во недела, целта е прво место во лигата.

„Максимално сме подготвени за во недела, ќе одиграме на нашето ниво и ќе приредиме добар натпревар за гледачите. Редовно тренираме и целта ни е јасна, да бидеме први во лигата“, ни изјави Иванов.

Ицев Тоше од Кавадарци ќе ја дели правдата, а ќе му помагаат Плачков Крсте и Дишлиевски Давор, исто така од Кавадарци. Натпреварот ќе стартува во 13:00 часот и ќе биде одигран без присуство на публика согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19, но, истиот ќе може да се следи во живо на Спортска Мрежа, со пренос овозможен од клубот од Градско.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!