Иванов: Локомотива е квалитетно засилена, во недела сме фаворити против Младост од Кривогаштани! (ВИДЕО)

Во недела стартува Третата лига – Југ со натпреварите од 14. коло.
Есенскиот шампион Локомотива Градско пролетната полусезона ја отвара на домашниот терен во Градско, каде ќе биде домаќин на Младост 1930 од Кривогаштани.
Формата, квалитетот и домашниот терен го прават домаќинот да биде голем фаворит на овој натпревар. Младиот и искусен фудбалер, Дарко Иванов пред стартот на натпреварот изјави дека Локомотива е засилена со неколку квалитетни играчи и додава дека во недела ќе важат за фаворити и се надева дека пролетната полусезоната ќе ја започнат со победа.
„Подготовките поминаа одлично, веќе еден месец тренираме секој ден, надевам дека во недела ќе тргнеме со победа. Клубот доби неколку добри засилувања. Двајца од школата на Борец, двајца дојдоа од школата на Тиквеш и еден играч од младинците на Вардар Неготино, веќе две – три недели тренираат со нас и се вклопија добро во нашиот тим и се надевам дека во недела ќе тргнеме со победа“, изјави младиот фудбалер и додава:
„Се надевам дека фаворитската улога ќе биде предност, први сме на табелата, противникот е на средината на табелата и фаворитската улога е на нашата страна“, завршува Иванов.
Натпреварот меѓу Локомотива Градско и Младост 1930 стартува во 14:00 часот и истиот ќе биде пренесува и во ЖИВО на Спортска Мрежа со пренос овозможен од клубот.