ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Иванов го доби дербито меѓу Охрид и Велешта, Пилешков ќе им суди на Дрита и Тетекс

Делегирани судиите за четирите натпревари од 24. коло од Втората лига – Запад. Дербито од дното за опстанок меѓу Дрита и Тетекс ќе го суди Димитар Пилешков од Штип, додека Игор Иванов од Велес ќе ја дели правдата на дербито меѓу Охрид и Велешта на СРЦ „Билјанини Извори“.

Марјан Гоцевски ќе им суди на Гостивар и Велазерими, а Крумислав Ѓоргиев од Штип ќе ја дели правдата на Градскиот стадион во Дебар меѓу Кораби и лидерот Скопје.

Натпреварите ќе стартуваат во 13:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!