ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Иван Варадиновски е нов шеф на стручнот штаб на Пехчево

Иван Варадиновски ќе го предводи ФК Пехчево во пролетниот дел од шампионатот на Втората лига – Исток.

>>> КОТВА.МК ВИ НУДИ МОЖНОСТ ЗА ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ ВО ВАШИТЕ АПАРТМАНИ <<<

Варадиновски, кој досега беше прв помошник во клубот, доаѓа на местото на Трајче Сенев. Согласно определбата на клубот но и на Варадиновски како нов шеф на стручниот штаб, Пехчево како и досега и во иднина силно ќе промовира млади талентирани фудбалери на домашната фудбалска сцена.

„Успешно ги стартувавме подготовките за пролетниот дел од шампионатот. Тимот како и досега ќе се темели на спојот младост и искуство. Секако моја основна определба ќе биде промоцијата и поддршката за младите фудбалери кои верувам максимално ќе ја оправдаат довербата со успешни настапи низ продолжението од првенството“ – вели Варадиновски.

Во првото пролетно коло во Втората лига – Исток закажано за 19. февруари ФК Пехчево ќе се соочи со Слога Виница.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!