Европски ФудбалФудбал

Итна прес-конференција во Барселона, Лапорта ги откри причините за разделбата со Меси

Барселона синоќа објави дека Лионел Меси нема да го продолжи договорот и дека го напушта каталонскиот клуб по 21 година, што е вест што го шокираше фудбалскиот свет.

Барса во соопштението наведе дека е постигнат договор со Аргентинецот за продолжување на соработката, но дека тоа не е можно поради „финансиски и структурни пречки“.

„И покрај фактот дека Барселона и Лионел Меси постигнаа договор и дека двете страни имаа јасна намера да потпишат нов договор, тоа не може да се случи поради финансиски и структурни пречки. Како последица на оваа ситуација, Меси нема да остане во Барселона. Двете страни длабоко жалат што желбите на играчот и клубот на крајот нема да бидат исполнети. Барселона со цело срце изразува благодарност до играчот за неговиот придонес во проширувањето на клубот и му посакува се најдобро во идниот личен и професионален живот“, објави Барселона.

Поточно, станува збор за финансиски „фер-плеј“ на Ла Лига, кој Барса не можеше да го исполни со оглед на долгот од повеќе од милијарда евра.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, свика итна прес-конференција денеска во 11 часот на „Камп Ноу“, каде ќе ги објасни причините за разделбата со Меси.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!